Новоименуваниот Британски амбасадор, Кристофер Ивон, оствари прва-   официјална средба  со градоначалникот Александар Петрески. Ивон изрази надеж за понатамошна успешна соработка со Локалната самоуправа на Охрид.


Дозволете ми да се заблагодарам за топлото добредојде. За ова време колку што сум во Македонија патував низ земјата и морам да признам дека Охрид е многу убав град и искрено сакам почесто да доаѓам тука и соработувам со вас – рече амбасадорот Ивон.

Градоначалникот Александар Петрески на средбата, со цел продлабочување на соработката со Англија, предложи збратимување на Охрид со град од Обединетото Кралство, кој е сличен по културно – историските традиции и вредности.


Во текот на средбата било потенцирано дека еден од најважните процеси за напредок на земјата е децентрализацијата особено на полето на културата, образованието и инфраструктурата и дека Охрид како град на УНЕСКО треба да добие посебен третман во областа на културата и образованието.

OhridNews