На состанокот, претставниците ги искажаа своите импресии од Охрид и се интересираа за развојот и начинот на финансирање на туризмот. Градоначалникот Петрески гостите ги запозна со работата на Секторот за туристички и локален економски развој, потоа со стратегијата за развој на туризмот изработена од Локалната самоуправа, како и со присутноста на туристичките саеми ширум светот, соработката со приватниот сектор во туризмот и членувањето на Охрид во УНЕСКО.











