Уставниот суд како врвна иснтитуција по ранг заслужува многу подобри услови за работа, беше речено на средбата помеѓу претседателот Бранко Црвенковски и членовите на Уставниот суд што денеска се одржа во Охрид. 

“ Уставниот суд е сместен во зградата на ССМ, што е редок пример во било која држава и државата и сите институции во многу кус период треба да направат се за да се подобрат просторните,  матерјалните услови и да се изврши кадровска доекипираност со цел уставните судии да бидат исклучиво посветени на вршење на својата основна задача а не да се бават со овој тип на потешкотии кои ги оневозможуваат да бидат поефикасни и поажурни“, истакна претседателот Црвенковски.

На средбата станало се разговарало за активностите и проблемите со кои се соочува Уставниот суд како и за тоа како се спроведуваат одлуките на оваа институција.

Ја сметаме оваа работна средба за корисна, и ние настојуваме со сите институции на системот да имаме соработка во функција на развивање на демократските вредности зацртанио со Уставот, истакна претседателот на Уставниот суд
, Махмут Јусуфи.

Претседателот Брнако Црвенковски утре во вилата Билјана во Охрид ќе се сретне со српската принцеза Катерина, а подоцна ќе оствари средба и со претседтседателот на Светската адвокатска комора, Пауло Лима Есилва.

Г. Момироски