Градоначалникот Кирил Пецаков, оствари протоколарна средба со Шефот на мисијата на ОБСЕ во Македонија, Клеменс Која. На средбата се разговараше за предизвиците со кои се соочува Охрид информираат од Општина Охрид.

Се разговараше за УНЕСКО, а градоначалникот делегацијата ја информираше со чекорите што локалната самоуправа ги презема во согласност со препораките на УНЕСКО. Градоначалникот ги запозна гостите со начинот на функционирање на локалната самоуправа, се вели во соопштението.

Заеднички било констатирано дека веќе добро воспоставената меѓусебна соработка треба да продолжи и постојано да се надоградува.

Во соопштението се додава дека Шефот на мисијата изразил подготвеност за давање на поддршка во делокругот на нивното дејствување.

OhridNews