Охрид негува добри односи со Австрија и амбасадата беше потенцирано на денешната оставрена средба на градоначалникот Кирил Пецаков со амбасадорот во заминување на Австрија во Македонија, Георг Вуцас.

Се разговараше за размена на искуства поврзани со УНЕСКО, остварување соработки во повеќе области преку кои би се продлабочиле веќе добрите меѓусебни односи. Градоначалникот го запозна амбасадорот со приоритетните проекти за градот од областа на заштитата на животната средина и дека веќе за нив се изработени проекти со кои може да се аплицира пред меѓународните фондови. Амбасадорот изрази поддршка на напорите за изнаоѓање финансиски средства за реализација на проектите, информираат од Општина Охрид.

На средбата, се додава во соопштението, соговорниците разговарале и за актуелните политички случувања и за предизвиците на Република Македонија и Европската Унија во целина.

OhridNews