Градоначалникот на Охрид, минатиот викенд во Скопје остварил средба со амбасадорот на Франција Бернар Валеро, на која присуствувала и министерката за култура Елизабета Канчевска – Милеска.


На средбата Валеро уште еднаш упатил честитки до Општина Охрид за успешно организираниот прв   Фестивал на францускиот филм што се одржа на почетокот на јули. Фестилаот според Валеро, го вброи Охрид во  редот на европските градови со филмски фестивал.
 
На средбата станало збор за подготовките околу второто издание на фестивалот што ќе се одржи идното лето, како и за реализација на други културни активаности во Охрид.

Ohridnews