Утре во просториите на Конгресниот центар при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ ќе се одржи трилатерална средба за научна соработка помеѓу водечките универзитети и академиите на науки на Македонија, Турција и Бугарија.

На состанокот ќе бидат дефинирани заедничките приоритети за соработка во повеќе научни области што е од особено значење за заедничко учество и подобро искористување на европските и други истражувачки и развојни фондови.

Инаку, на состанокот ќе присуствуваат ректорите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје, Универзитетот во Истанбул и Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски, како и претседателите на Македонската академија на науките и уметностите, Турската академија на науките и Бугарската академија на науките, придружувани од делегациите на соодветните институции.

OhridNews