​Денеска, на маргините на Состанокот на лидерите од Процесот Брдо-Бриони во Охрид, претседателката Гордана Сиљановска Давкова оствари средба со Александар Чупиќ, вршител на должноста претседател на Република Србија. ​

Како што соопшти претседателката, таа најнапред му ја честитала изборната победа и изборот за претседател на Народното собрание.

Според неа, неговото присуство е особено значајно за решавањето на отворените регионални прашања преку политички дијалог заснован врз взаемна почит и разбирање.

​Уверена сум дека македонско-српските односи, со оглед на традиционалното пријателство меѓу народите и граѓаните, ќе продолжат со уште позасилено темпо во образованието, науката, економијата, културата, туризмот и дигитализацијата, посочи Сиљановска Давкова.

​Од своја страна, Чупиќ оценил дека учеството на Процесот „Брдо-Бриони“ во Охрид испраќа порака за значењето на добрососедството и ја поддржал идејата на Сиљановска Давкова за вклучување на млади луѓе на состаноците.

Н.С.Ј.

фото. А. Момироска