Младински Совет Охрид денес, во малата сала на општина Охрид, со почеток во 12 часот организира средба на која ќе се зборува за развојот на културата.

Како учесници се поканети претставници на културно уметнички друштва, ликовни уметници, поети, претаставници на охридскиот театар и театарот за деца и млади, балетското студио, танцовиот клуб, музичкото училиште, како и претставници на основните и средните училишта каде фунционираат драмски секции, хорови и орхестри.

Целта на средбата е да се отвори дискусија за можноста да се подготви годишна програма за култура за општина Охрид, со вклучување на дел од присутните. Младински Совет, ја наслови како средба за ,,културна преродба на Охрид,, . Оваа активност е дел од годишната програма за работа на Советот на млади на општина Охрид, усвоена во месец ноември, а како потреба произлезена од работниот состанок со членовите на групата ,, култура,,.

Овој настан, е трет од серијата активности кои ќе се организираат и во иднина, а се замислени како можност за отворен дијалот помеѓу локалната власт, институциите и младите.

OhridNews