Премиерите на Македонија и на Грција, Никола Груевски и Јоргос Папандреу се сретнаа по деветти пат за една година. На средбата што се одржа на маргините на Европскиот самит во Брисел се дискутрирало за билатералните односи помеѓу двете земји кои ги обременува наметнатиот спор за името. Според министерот за надворешни работи, Антонио Милошоски, средбата била конструктивна и во функција на зголемување на довербата и приближување на ставовите за отвореното билатерално прашање.
Претходно премиерот Груевски оствари средба со високиот преставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Кетрин Ештон, на која се разговарало за актуелните политички случувања во Македонија.
Груевски се сретна и со еврокомесарот за проширување, Штефан Филе која според извештаите од Брисел порачал дека земјата треба да продолжи со својата реформска агенда и оти е неопходно да се направи прогрес во политичкиот дијалог, реформата на судството и јавната администрација, борбата против корупцијата и слободата на изразување.
Основното јавно обвинителство Струга денеска поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 4 во врска со став 1 од К...
Во првите 8 месеци од годината, од јануари до август, ТАВ Македонија, аеродромскиот оператор на двата македонски аеродроми, Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св Апостол Павле Охрид опслужи...
На 16092025 во 23:00 часот, полициски службеници од ОВР Струга лишија од слобода 29-годишно лице од Струга и на 17092025 околу 11:00 часот лишија од слобода 34-годишно лице од струшкото село Велешт...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.