Во вилата Билјана, попладнево, претседателот Ѓорѓе Иванов го прими претседателот на Руанда, Пол Кагаме, кој е предвидено да учествува на состанокот на Меѓународната комисија за широкопојасен интернет и дигитален развој, кој ќе се одржи утре во Охрид.

Како што истакна претседателот Иванов, самото одржување на конференцијата и доаѓањето на видни личности во Охрид е големо признание за Македонија и она што го прави Владата.

Кагаме на состанокот на комисијата ќе учествува во својство на копретседавач, а вечерва е предвидено претседателот Иванов да го прими и другиот копретседавач на Комисијата за широкопојасен интерент и дигитален развој, мексиканскиот милијардер Карлос Слим.

На средбите со Слим и Кагаме, претседателот Иванов потенцира дека ќе се разговара за состојбите во Македонија од аспект на темата за која и е организирана конференцијата, односно новите технологии и до каде е Македонија на тој план.

OhridNews