Отсекот за превенција при СВР Охрид одржа работна средба со месното население од охридските села Велгошти, Лескоец, Скребатно, Завој, Свињишта, Сирула, Косел и Вапила.

Средбите имаа превентивно едукативен карактер со цел, подигнување на јавната свест за потребата од заштита на шумите од пожари, при што, низ разговори и интеракција, пред жителите на овие населени места беа изнесени општите мерки и посебните превентивни мерки и препораки за заштита на шумите и другите површини на отворен простор од пожари, информираат од СВР Охрид.

Полициските службеници, велат, посебно ја нагласија потребата од итно известување за евентуално настанат пожар што ќе значи брза реакција на надлежните служби за негово локализирање и гаснење.

OhridNews