Вчера, околу 10 часот во Струга во непосредна близина на угостителскиот објект “Белмондо“, Б.Г.(1994) од село Велешта-Струга, ученик во СОУ “Нико Нестор“-Струга, го нарушил јавниот ред и мир со пукање од оружје.

Во врска со настанот, во струшката полициска станица биле приведени и задржани Ш.Х. од село Калишта-Струга и Ш.М. од село Радолишта-Струга, од кого со потврда за привремено одземени предмети е одземен сигнален пиштол “Екол Мајор“ со сер.бр.ЕМ9110435 со една празна рамка и две чаури за истиот, а повикани биле М.К. и Ш.С. двајцата од Радолишта, Ш.Ј. и Г.Б. двајцата од Велешта.

Увид на лице место извршила увидна екипа од Полициската станица во Струга. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

OhridNews