Како дел од проектот “Ракотворбите од бабиното ковчеџе” на Женски центар “Бисера”, викендов во ресторанот “Белведере” се одржа четвртата по ред активност, работилницата на тема “Вредните бабини раце”.

На работилницата учествуваа ученици од гимназијата “Св. Климент Охридски”, а едукатори беа членки од ” Бисера”. На младите учесници им беше презентиран начинот на изработка на носии, плетени и ткаени ракотворби. Изработените примероци од учесниците на работилницата ќе бидат изложени на изложбата која ќе се организира во завршната фаза од реализацијата на проектот.

Проектот е одобрен и финансиран од Секторот за локален економски развој и туризам при општина Охрид.

OhridNews