Претседателството на Средношколската Унија на Македонија, за денеска најави прес конференција на која ќе стане збор за штрајкот на просветните работници во Охрид и губењето на настава на учениците.

На прес конференцијата како што е најавено, ќе се обрататат, Илија Куртески-главен координатор на Средношколската Унија на Македонија за Охрид и Ивана Ристеска – заменик кординатор на Средношколската Унија-Охрид.

Како што е познато, заради штрајкот на вработените во образованието, науката и културата од понеделникот во основните и средните училишта во Охрид не се одржува настава. Исклучок е основното училиште во Велгошти „Живко Чинго“, каде вчера имало настава, а насатава нема и во основното училиште во Белчишта – Дебрца. СОНК најави дека не отстапува од барањата за покачување на платите и потпишување и примена на колективните договори, кои владата ги одби со образложение дека поради светската финансиска криза државата не е во можност да одвои дополнителни средства за нивна  реализација. Незадоволен од одговорот СОНК најави радикализација на штрајкот, а во понеделник раководството на Синдикатот за образование, наука и култура ќе отпочне штрајк со глад.

Ohridnews