Средношколци од Охрид, Струга, Велес, Битола, Ресен и Неготино се дел од Летниот камп за млади претприемачи кој деновиве се одржува во Охрид. Овој камп е дел од проектот „Претприемач да се биде или не“, поддржан од „YES Network“ – мрежата за млади претприемачи со фондови од Европската Унија.
Во рамки на тридневниот настан, кој треба да заврши денеска биле реализирани интерактивни работилници за основите на претприемништвото, за креативно рамислување, лидерство и тимска работа.
Од Локалната агенција за развој од Струга која е локален организатор на кампот, велат дека една од целите за организирање на кампот е тоа што во Македонија има недостаток на претприемнички дух и дека кај младите мора да се поттикне визија за самовработување.
Во рамки на овој проект на локално ниво се вклучени и средното училиште „Св Кирил и Методиј“ од Охрид и средното училиште „Нико Нестор“ од Струга.
OhridNews