Под мотото „Јас пешачам за … “, денеска во ОУТУ „Ванчо Питошески“ се одржа интерактивна работилница на темите „Застани на време“ и „Помини на пешачки премин“, како превентивно-едукативна активност за намалување на бројот на загинати и повредени пешаци во рамки на Неделата за безбедност на пешаците, што се одбележува од 1 до 7 април.

На работилницата која се реализира во соработка со Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во општина Охрид, беше истакнато дека во Македонија лани загинале 48 пешаци, додекаа по нивна вина годишно се случуваат 200 сообраќајни незгоди.

„Уцениците заедно со професорите низ дебата ја определија целта, т.е. да се поттикнат учесниците да ги почитуваат законите. Заклучија дека сообраќајни решенија има, но реалниот проблем е што многу од пешаците не сакаат да одат 50 метри повеќе или да се искачат 10 метри за да го поминат патот. Тоа може да се надмине само со превенција и подигнување на јавната свест со постојано  потсетување на пешаците да ги почитуваат сообраќајните правила  и секако, доколку не го прават тоа, да бидат казнети. Но, доколку не грешат нема да платат ништо.“ – велат од ОУТУ „Ванчо Питошески“.

Оттаму потенцираат дека едукацијата на учениците на вакви и слични теми ќе продолжи и понатаму се до крајот на учебната година.

Инаку, пешаците се една четвртина од вкупниот број жртви во сообраќајни незгоди, а дел од таа бројка се и деца. 

OhridNews