Дваесет ученици од СОСУ „Св.Кирил и Методиј“ три недели престојуваа во Мадрид-Шпанија и беа дел од практична настава во Дом за стари лица. Учениците беа одбрани по пат на интервју, а беа придружувани и од четворица свои професори.

– Овој проект беше од голема корист за нас како средношколци, бидејќи ни овозможи да видиме како се извршуваат одредени работи во друга земја, и имавме можност да научиме нови методи на работа кои ќе ни користат понатаму во животот. Научивме дека доволна е само една мала насмевка за да му го направиме на некого денот поубав. Покрај практичната настава имавме и слободно време кое го користевме за прошетка во Мадрид и во околината, велат учениците по враќањето од Шпанија.

Проектот беше реализиран преку Еразмус+ програмата.

OhridNews