Во организација на Женски центар ,,Бисера”, денес, во охридската гимназија, се одржа трибина на тема Семејно насилство. Трибината се одржа во соработка со Одделението за превенција при СВР Охрид, при што предавач беше Живорад Савиќ.

Целна група беа учениците од Средното економско училиште од трета и четврта  година, на кои им беа презентирани протоколот на полицијата во случаи на семејно насилство.

OhridNews