Како да се препознае и пријави семејното насилство- имаа можност да дознаат средношколците од охридската гимназија „Св. Климент Охридски“, од прва и втора година на предавањето кое во организација на Женски Центар ,,Бисера”  во соработка со СВР- Охрид се оддржа во просториите на училиштето.


Средношколците со внимание го следеја предавањето на вишиот инспектор за превенција при СВР- Охрид, Тони Филипов и Живорад Савиќ,  раководител на одделот за превенција, при што и самите имаа можност да се вклучат во дискусијата.


 
Како што истакнуваат од ЖЦ „Бисера“, одбрани се средношколците за предавањето, затоа што во спречувањето на семејното насилство од особено значење е превенцијата, како и навременото пријавување на случаите  кои потоа би се проследиле до надлежните институции.

Со проблемот на семејното насилство се соочуваат голем број луѓе, без разлика на полот и степенот на образование.

OhridNews