Со свеченост што се одржа денеска, средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“ од Охрид го одбележа патрониот празник – 18-ти октомври.
По тој повод беше положено цвеќе на спомен бистата на патронот и се одржа историски час со осврт за ликот и делото на Ванчо Питошески.
Свеченоста беше заокруже со коктел со различна гастрономска понуда подготвен и послужен од страна на учениците под менторство на стручните професори.
Во рамки на одбележувањето на празникот беа презентирани наградените трудови на учениците од одржаните натпревари, спортски игри како и хуманитарни акции.
OhridNews
















