На –ти ноември, Женски центар „Бисера“ ќе ја одржи традиционалната хуманитарна „Тортијада“. И оваа година своите вештини ќе ги презентираат слаткарки професионалки и аматерки од Охрид.
Сите средства од продажбата на тортите ќе бидат донирани за лекувањето на Сара Настоска.
Настанот ќе се одржи во хотел Амбасадор со почеток во 20 часот. Цена на карта со вклучена вечера изнесува 450ден. Да бидеме хумани!
Ohridnews












