Четирикратниот шампион на тенискиот грен слем во Мелбурн, Новак Ѓоковиќ, имаше многу среќа при одредувањето на костурот за Австралија опен, кој ќе започне в понеделник.
Српскиот тенисер, кој е неприкосновен на терените во Мелбурн во изминатите три години, според ждрепката, до финалето нема да може да се сретне со најголемите конкуренти: Рафа Надал, Енди Мареј, Роџер Федерер и Хуан Мартин дел Потро.
Во проектираното четвртфинале, противник на Ѓоковиќ би требало да му биде Станислас Вавринка, додека евентуален противник во полуфиналето би му бил Давид Ферер или Томаш Бердих.
За разлика од Ѓоковиќ, Рафа Надал веќе на стартот ќе има тежок меч против домашната надеж Бернард Томиќ. Доколку го мине првото коло Надал во третото би требало да се сретне со Гаел Монфилас, а можен четвртфинален противник му е Дел Потро.
„Макфакс“