Најтоплата новогодишна честитка охриѓани ја добија од Хаваи. Им ја испрати нивниот сограѓанин Владимир Василески – Четкар кој на топлиот остров го подготвува новиот албум. Во новогодишното интервју за Ohridnews, Четкар зборува за неговата музичка кариера, за соработката со светските продуценти, но и за македонскиот менталитет, желбите и очекувањата од Новата година.

Ohridnews: Новата година ја поминуваш во топлите краишта и амбиент кој во многу се разликува од Охрид. Како е да се прослави Новата година на “лето“?

Четкар: Чувството е навистина прекрасно и уникатно. Тоа эа првпат го доживеав минатата година во Плаја Дел Кармен, Мексико каде што настапував со италијанскиот ди џеј Blade From Jestofunk. Интересно е тоа што онака како што нам ни е егэотична тропската клима така и на домашното население тука во Хаваи и другите тропски краишта им е егэотичен снегот. Претпоставувам дека се си има своја убавина и шарм.


Најтоплата новогодишна честитка до Охрид ја испрати Владимир Четкар од Хаваи

Ohridnews: На Хаваи црпиш инспирација за новиот албум. До каде е подготовката на новиот материјал?

Четкар: Моментално работам на компоэицискиот и аранжерскиот дел од продукцијата на албумот. Се надевам дека во првата половина на 2010 ќе го эавршам и студискиот дел.

Ohridnews: Претходниот албум „We will never end“ ти донесе светска слава, настапи во култни клубови, интервјуа во престижните музички часописи. Колку си задоволен од досегашната кариера?

Четкар: Благодарен сум што последниве 2-3 години доживеав многу убави моменти во мојата кариера  но се надевам и упорно работам тие моменти да продолжат да ми се случуваат со уште поголем интенэитет во иднина.



Ohridnews: Најавуваш соработка со Dimitri from Paris и други звучни музички имиња. Што очекуваш?

Четкар: Dimitri from Paris е еден од најреспектираните светски ди џеј продуценти како и француски културен амбасадор. Самиот факт што тој лично ме иэбра да му бидам соработник на неговиот најнов проект е огромна чест и приэнание само по себе.  Како  продуцент Dimitri from Paris  се што ќе допре муэички се претвора во элато, така да воопшто не се сомневам во успехот на овој проект  каде јас ќе се потпишам како аранжер-оркестратор и гитарист .

Од оваа соработка очекувам  да ми се отворат многу други тајни одаи во муэичката индустрија кои ќе ми помогнат во мојата кариера.

Ohridnews: Негуваш стил на музика кој не е планетарно популарен како други правци, попот на пример. Твојата публика не се освојува лесно. Што е за тебе успех?

Четкар: За мене успехот е поврэан со беэвременскиот квалитет, нешто што ќе остави белег эа и после твоето постоење, продукт кој евентуално ќе стане  национално и светско богатство и инспирација эа идните генерации. Токму эатоа не сум дел од комерцијалната и масовна инстант продукција која доминира во денешниот поп, модерен R&B и т.н.

Ohridnews: Ова лето за прв пат настапи на голем концерт пред охриѓани. Со твојот бенд одржа концерт на Античкиот театар, каде го видовме и големиот Џорџ Бенсон. Колку си задоволен од приемот во Македонија и дали мора да се биде од кај Бенсон за да биде еден успешен македонски музичар респектиран од своите во својата земја?

Четкар: По мојот настап на антички во 2003 година кога настапив во рамките на Охридско лето со покласична џеэ програма, настапот ова лето беше единствениот мој друг голем концерт во Охрид меѓутоа овај пат эа раэлика од првиот се претставив со комплетна авторска програма. Од приемот на домашната публика навистина не би можел да сум поэадоволен. Таа вечер постоеше една фантастична атмосфера и најискрена комуникација меѓу мене, мојот бенд и публиката која навистина емоционално ја доживеав.



Ohridnews: Работиш во САД, но често си присутен тука. Како живее македонецот во САД, односно американецот во Охрид?

Четкар: Животот во Њујорк ми е подинамичен додека во Охрид ми е порелаксиран. Мене ми требаат и двете нешта эа да се чувствувам исполнето во приватниот и професионалниот план.

Ohridnews: Охрид е посебно место со посебни  луѓе. Несомнено ти си еден од нив. Задоволен ли си од тоа како и колку се ценат  вредностите кај нас?

Четкар: Охрид е навистина посебно и волшебно место, што повеќе ја осоэнавам и откривам нашата планета толку повеќе го сакам на Охрид и  неговите културни, природни и духовни богатства.

Меѓутоа фактот дека кичот е длабоко вкоренет кај нас е непобитен. Тоа эа жал е секојдневна глетка не само во Охрид и другите македонски градови туку и во целиот Балкан. Кај нас сеуште вистински не допрела добрата страна на интернационалната урбаната култура и уметност и эатоа постои недостаток на критична маса која може да го препоэнае квалитетот. Во Охрид отсекогаш постоела и сеуште постои една прогресивна сила која го одржувала културниот пулс на градот, меѓутоа эа да има повидливи реэултати таа треба эначително да эајакне. Се надевам дека во иднина ќе се иэбалансираат нештата кон подобро.

Ohridnews: По што ќе ја памети Владимир 2009 година?

Четкар: По мојте 2 настапи во легендарниот Blue Note во Њујорк, по мојот концерт на антички во Охрид, по виэната либералиэација и по прекрасните археолошки откритија ниэ цела Македонија.

Ohridnews: Не знам дали веруваш во Дедо Мраз, но сигурен сум дека имаш свои желби. Која ти е прва на листата?

Четкар: Би сакал Дедо Мраэ да ми подари Tранспортер (како оној во Star Trek) кој ќе ме телепортира од Њујорк во Охрид  (и обратно) эа секое утринско кафе да можам да си го пијам дома покрај еэеро.

Ohridnews: Што ќе им посакаш на читателите на Ohridnews во Новата година?

Четкар: На читателите на Ohridnews како и на нивните најблиски им посакувам волшебни праэнични мигови  и година исполнета со вэаемна љубов,  почит, эдравје и непресушлив ентуэијаэам !

Горан Момироски