„Се сеќавате ли на Дарби?“ велат од ЈУНП „Галичица“ во објавата на фејсбук профилот, каде е поставена слика од срната кој минатата година беше спасена од случајни минувачи и преземена потоа од нивните вработени.
Малото срнче Дарби кое беше пронајдено осамено, веќе подолго време е згрижено во нашиот репродуктивен центар. Дарби сега е веќе убава грациозна срна која безгрижно ужива во природата, велат од НП „Галичица“.
Во мај минатата година срната беше спасена од страна на двајца охриѓани. Сосема случајно тие наише на малото срнче, оставено само и со слаби знаци на живот. Решиле да останат во негова близина и да чекаат, во надеж дека ќе се појави неговата мајка, но откако тоа не се случило во наредниот час, ги известиле вработените во Јавната установа Национален парк „Галичица“.
Оттогаш срната е згрижена во репродуктивниот центар кој всушност беше оформен во 2018 година со цел да се изврши реинтродукција на европскиот елен во НП Галичица за да се обезбеди активно управување со секундарните живеалишта и високопланинските пасишта во националниот парк со помош на дива фауна.
Инаку, стадотото кое е во репродуктивниот центар брои 60 единки. Најавите се дека од годинава ќе почнат да пуштаат одреден број на единки во природа, надвор од центарот.
Н.С.Ј.













