На средбата беше констатирана потребата од поблиска соработка помеѓу двете општини, не само во областа на туризмот туку и во бизнис секторот.
– Идејата е современите,модерни и квалитетни производи да се пласираат на македонскиот пазар кои воедно и ќе се произведуваат тука во Охрид. И во минатото Охрид имаше интензивна соработка со општина Ниш, па таквата соработка може да продолжи и во иднина – истакна градоначалникот Петрески.
Според претседателот на општината Пантелеј, Срџан Савиќ Охрид како препознатлив туристички центар претставува можност и за стопанска соработка.
– Нашите граѓани се бројни гости во Охрид во летниот период и оставруваат одлична соработка со бизнис секторот. Зошто да не биде исто и со останатите делови од бизнис секторите во Охрид и општина Пантелеј – рече Савиќ.
На средбата присуствуваа и Претседателот на Здружението стопанственици од Југоисточна Србија Бранислав Михаловиќ и Претседателот на Здружението на стопанственици и занаетчии Властимир Здравковиќ.