– Маратонот помина во најдобар ред, гостите кои зедоа учество се задоволни. Безбедноста и натпреварувачкиот дел беа на високо ниво, времето ни го заврте грбот, приморани бевме да бараме алтернатива. Патеката која ни беше резервна солуција беше опасна, имаше препреки но мислам дека “се на се“ таа беше интересна за веслање – истакна организаторот на маратонот “Охридско Езеро“, Ристо Чуркоски.
Маратонотот “ Охридско Езеро“ помина во знак на спрските кајакари кои го запоседнаа пиедесталот. Немања Рајиновиќ ја оправда фаворитската улога и со време од 1:53:26 сек. се пласираше на првата позиција. Борбата за втора позиција беше неизвесна до самиот крај, Вељко Јанковиќ за седум десетинки беше подобар од својот сонардник третопласираниот Урош Павловиќ. На четвртата позиција се пласираше стружанецот Ристо Чурковски додека петтата позиција му припадна на Коста Хиохи.
– Многу ми е жал што неможевме да весламе на езеро, па се натпреваруваме по реката. Патеката беше тешка, трката беше интересна, цело време веславме во група, додека при крајот “ставив во втора брзина“ и се одвоив, доволно за да го освојам првото место – потенцираше “златниот“ од маратонот, Немања Рајиновиќ.
На првиот кајак маратон “Охридско Eзеро“ имаше место и за помладите, преставникот на клубот ККК Струга, Вангел Тарабакоски со 16 години ја извесла целата патека и заврши на шестата позиција.
–Искрено, тешко беше да се весла во реката, јас како најмлад учесник сакав да ја поминам патеката, а резултатот ми беше во втор план. Наредната година ќе се подготвам подобро и ќе атакувам на првите три места – рече Вангел Тарабакоски.
Организаторите заедно со спонзорите најаваија дека маратонот “Охридско Езеро“ ќе прерасне во традиција и врска на градовите Охрид и Струга.