По повод празникот Свети Сава, во организација на Српско-македонското друштво „Коштана“ од Охрид, во ресторанот „Белведере“ вчера се одржа свеченост на која беше одбележан денот посветен на големиот српски светец.


На прославата присуствуваа седумдесетина гости, а покрај членови  на здружението од српска националност беа присутни и голем број пријатели од македонска националност што на овој празник му дава уште поголема важност, велат од „Коштана“.


Присутните од име на локалната самоуправа ги поздрави претседателот на Советот, Душко Јаковчески, кој на припадниците на  српската заедница во Охрид им го честиташе националниот празник.


Покрај традиционалното сечење на славскиот колач, свеченоста беше збогатена и со пригодна програма што ја подготвија членовите на Српско – македонското друштво „Коштана“.

OhridNews