Најавата за подобрување на односите помеѓу Русија и западот по влегувањето на Доналд Трамп во Белата куќа, засега, е само празно ветување, земајќи го во предвид се поголемото проширување на НАТО силите во близина на руската граница, пишува српски Блиц. Приказните за мир и спуштање на тензиите и намалувањето на наоружувањето паѓа во вода со фактот дека: цела Европа е вооружена до заби, алијансата ги трупа силите и ја опколува најголемата земја во светот, додека Русите ги зголемуваат своите нуклеарни капацитети.  

Најновиот пример за заострување на односите е најавата на Германија за зголемување на војската. Германците планираат во наредните седум години да го зголемат бројот на трупите на 200.000. Оваа вест имаше голем одек со оглед на тоа дека Германија, како и Јапонија, има силна аверзија кон јакнење на војската, поради лошите спомени од втората светска војна. Но, како што велат од Берлин, на ваков потег се приморани поради руската експанзија. ЕУ и замерува на Русија поради состојбата во Украина, наводната вмешаност во окупацијата на регионот Донбас, но и случувањата со полуостровот Крим.

Балтичките земји, поточно политичкиот врв, сметаат дека Русија би можела да преземе дел од нивната територија, како што тоа го направи со Крим, иако тоа се две различни работи со оглед на поврзаноста на Русија со полуостровот кој пред шеесеттина година и беше подарен на Украина, пишува Блиц.

OhridNews