Српски државјанин, кој е осомничен за извршено убиство во 2002 година во Панчево, уапсен е вчера попладне во Охрид, во заедничка акција на македонската и српската полиција, јавува „Макфакс“.

Оваа информација ја пласираше српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ за медиумите во Србија.

Станува збор за извесен Владимир Јорга (37), чиј идентитет е утврден врз база на фотографија.

-Постапката за негова екстрадиција е во тек, а во моментот на апсење oсомничениот кај себе имал пасош на Босна и Херцеговина, рече Дачиќ.

Како што дознава OhridNews уапсениот синоќа бил изведен пред истражен судија кој му одредил мерка притвор.

OhridNews