Претставници од медиумските куќи на „РТС“, „Радио Београд“, неделникот „Политика“, магазинот „Путовања“, телевизија „Нови Сад“ и туристичкиот програм „Туристичка Призма“, во текот на месец август биле во четиридневна посета на Македонија, на покана на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија.

-Текстови, репортажи и интервјуа со релевантните личности од областа на туризмот од Македонија ќе бидат објавени и прикажани наредните месеци во специјализирани програми за патувања и туризам во овие српски медиуми. Македонија ќе биде претставена како туристичка дестинација, во која ќе се потенцира богатото културно наследство, природните убавини на земјава, промоција на вински, религиозен, културен, езерски и рурален туризам, информиаат од АППТ.

Освен новинарите од Србија, во седумдневна посета на Македонија бил и познатиот француски новинар Силвијан Базин, кој се занимава со следење на активен туризам. За него била организирана седумдневна инфо тура низ Македонија, на која му биле претставени планинарските, велосипедски и пешачки патеки. Тој  имал можност да ги посети Националните паркови во Македонија, културните знаменитости во Скопје, Охрид и Битола. Новинарски прилози од областа на активниот туризам, кои тој ги направил од Македонија се очекува  бидат објавени во специјализирани француски спианија „Трек Магазине“ и „Њидер Магазине“.

OhridNews