Српски турист почина во болница во Скопје по 12 дена борба за живот, како последица од страшната несреќа која се случи на Охридското Езеро.
Како што јавуваат српските медиуми, се работи за 26-годишниот Никола Стевановиќ, фудбалер од околината на Лесковац.
До несреќата дошло кога Никола скокнал во езерото, но удрил во камен под водата и го скршил шестиот вратен пршлен.
По повредата тој бил префрлен во Скопје, каде бил опериран, по што паднал во кома и повеќе се не разбудил.
OhridNews












