Постигнатите резултати и планираните активности за претстојната летна сезона во Охрид, ќе биде темата на која што Координаторот на промотивните медиумски активности на Охрид во Србија, Мишо Вујовиќ ќе разговара со охридските новинари.

Средбата помеѓу  медиумскиот промотор на Охрид и медиумите е закажана за денес во просториите на Општина Охрид. Според најавите, на средбата ќе присуствува и градоначалникот на Охрид, Александар Петрески.

Мишо Вујовиќ е  уредник  на магазинот “Српска национална ревија”, кој е еден од највлијателните списанија во Србија.

OhridNews