Српскиот претседател, Александар Вучиќ, најавил дека државата ќе тргне во борба против организираниот криминал во српскиот фудбал.

Тажен сум како се одвива финишот на првенството, – рекол Вуќиќ во гостувањето на телевизијата „Пинк“.

Српскиот фудбал, последните три недели, се наоѓа во центарот на вниманието, поради чудните резултати и серијата на победи во кои се наоѓаат тимовите кои се борат за опстанок во лигата.

Сега ќе ви кажам, таа мафијашка банда, мести натпревари, поради пеалите кои се судат ни се смее целиот свет. Сите ќе ги уапсиме. Тоа е се што можам да ви кажам, – рекол српскиот претседател.

Тој иронично рекол дека во финишот на сезоната некои тимови играат на нивото на Манчестер сити и ПСЖ.

OhridNews