Српскиот репрезентативец Дарко Ѓукиќ е новата аквизиција на ГРК Охрид, информираат од клубот. Десното крило (30 год, 191 цм) стави потпис со „Гладијаторите” на миниум 2 години!
Ѓукиќ има одлично CV зад себе и е огромно засилување на нашиот тим. Доаѓа од екипата на РК Динамо Букурешт-шампион на Романија, а пред тоа настапуваше за екипите на РК Вардар 1961, Спортинг Лисабон, Мешков Брест, Киелце, Бешикташ и Металург, со одлични настапи во Лигата на шампионите и ЕХФ Европската Лига, информираат од ГРК Охрид.
Посочуваат дека Ѓукиќ за репрезентацијата на Србија бележи одлични настапи на официјални натпревари, светски и европски првенства.
OhridNews