Во текстот под наслов „Нова година во Охрид на волшебното македонско езеро“ во кој се користени видео материјали на OhridNews, на читателите им се препорачуваат локалните знаменитости: Билјанините извори, црквата Света Софија, Плаошник и Самуиловата тврдина.
-По долгите прошетки по брегот на езерото прекриен со снег можете да се загреете со топло чоколадо или со чај во некое од локалните кафулиња. Во центарот има ресторани со национална кујна каде може да пробате разни домашни специјалитети како макало од млеко, павлака, путер и лук. На оние што сакаат да експериментираат им препорачуваме крап, пишува „Блиц“.
Неодминлив дел од приказната на „Blic“ за Охрид е и манастирот Св. Наум. „Ако сте расположени за излет, можете да отпатувате 29 километри на југ, до „Свети Наум“ и да го посетите манастирот посветен на ученикот на Кирил и Методиј. Изворот на Црн Дрим во близина од кој се формира мало езеро ќе ве остави без здив“.
Во сторијата се посочува уште и дека Охрид од година во година сè повеќе се истакнува како туристички центар на Македонија и дека голем број туристи од Србија ја одбираат токму оваа дестинација за одмор.