Заменик градоначалникот на Охрид , Ангел Јанев денес ги прими двајцата српски полициски службеници на заминување, Далибор Видевски и Миљан Групковиќ, кои во период на Новогодишните, Божиќните празници и Водици беа дел од мешаните полициски патроли во градов.
Полициските службеници од Србија изјавија дека се задоволни од работниот ангажман во Охрид, но и од гостопримството и одличниот прием од македонските колеги и жителите. Додаваат дека повторно би се вратиле да работат во Охрид, кој според нив е мирно место за живеење, но и еден од најубавите градови кои до сега ги посетиле.
Мешаните патролни служби составени од македонски и српски полицајци почнаа да функционираат минатата година.
OhridNews