За нешто повеќе од еден месец, српските цариници на три наврати успеале да спречат организиран шверц на „марихуана“ од македонски државјани.

Синоќа, српските цариници на граничниот премин Батровци на влезот кон Хрватска, во камион со македонски регистарски таблички заплениле 900 килограми наркотична дрога „марихуана“. Дрогата која била пронајдена во возилото, била спакувана во специјално дизајнирани кутии кои се пренесувале заедно со кујнска опрема и бела техника.

Српската царинска служба соопштува дека цариниците се одлучиле да го претресат камионот, бидејќи зачестени биле обидите за шверц на наркотични средства од Македонија кон западна Европа на овој патен правец.

Пред неполн месец, српската полиција на граничниот премин Хергош на влезот кон Унгарија, уапси 45-годишен Македонец, кој се обиде да пренесе 20 килограми „марихуана.“ Исто така, на овој граничен премин беше уапсен и 35-годишен македонски државјанин, кој се обиде да прошверцува 13 килограми од оваа опојна дрога.

OhridNews