Денеска во населбата  Далјан, по налог на локалната самоуправа беа срушени старите и руинирани објекти во близина на ОУ „Св. Климент Охридски“, за кои во повеќе наврати од страна на жителите од овој дел од градот беше потенцирано дека претставуваат потенцијална опасност за учениците.

Од локалната самоуправа информираат дека во наредниот период ќе се изврши хортикултурно и партерно уредување на просторот.

OhridNews