Сојузот на стопански комори со демант по вчерашната изјава на министерот за здравство Венко Филипче дека од страна на Сојузот било испратено писмо за воведување на задолжителна вакцинација.

Вчерашната изјава на министерот за здравство Венко Филипче дека Сојузот барал да се воведе задолжителна вакцинација и за вработените во приватниот сектор е целосно неточна и ја демантираме во целост. Ниту од наша страна е испратено писмо на кое тој се повикува, ниту такво нешто сме барале од Министерството, бидејќи нашиот став е дека правото на вакцинација која не е задолжителна, е лично право на избор и истото не треба да се ограничува. Сметаме дека многу подобар ефект наместо со репресивни ќе се постигне со стимулирачки мерки и навремено обезбедување на повеќе видови на вакцини и релевантни информации за нивната безбедност, велат од Сојузот на стопански комори. 

Заштитата на здравјето на граѓаните е највисок приоритет во услови на пандемија и тоа може да се постигне со сеопфатни, интегрирани и добро испланирани мерки како и со континуирано унапредување на квалитетот на здравствената заштита, додаваат од ССК.

Во соопштението се додава дека во овие две години од  почетокот на пандеммијата дека од страна на Сојузот е даден активен придонес преку постојано следење на мерките и доставување на  свои конструктивни предлози и мислења во насока на нивно унапредување, се со цел заштита на здравјето и намалување на штетните последици врз економијата.

OhridNews