Сојузот на синдикати (ССМ) денес излегува на протест да бара зголемување на минималната плата на најмалку 500 евра, да бара зголемување на сите останати плати за 100 евра, да бара почитување на колективните договори и зголемување на сите платите на работниците.
На 1 Мај ќе протестираме за повисоки плати. На 1 Мај во 1886 година работниците излегле на демонстрации и се бореле за осумчасовно работно време. Нешто што денес во Македонија го немаме, рече претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов, најавувајќи го денешниот протестот што ќе се одржи во 11 часот, со маршрута на движење од Работничкиот дом, преку Собранието и Стопанската комора до Владата.
ССМ ги повикува сите што му мислат на работникот да се приклучат на работничкиот протест, посочувајќи дека дел од синдикатите соработуваат со власта на штета на работниците.
Синдикатите во Македонија имаат многу причини да излезат и да протестираат, а не да прославуваат. Имаме можност да покажеме дека сме тука за работниците. За жал, само синдикалци може да направат штета на работниците и кога поддржуваат владини политики, секогаш е на штета на работниците. Тоа што го забораваат да го кажат колегите од другите синдикати, е дека прифаќаат далеку помали износи предвидено со закон и со Колективен договор, а ССМ нема да дозволи ниту еден работник да пати за зголемување на платите, додаде тој.
OhridNews