Се повеќе луѓе во Македонија се жртви на мобинг од страна на своите работодавци. Поради непостоењето соодветна законска регулатива, Сојузот на синдикати на Македонија не може да поднесе постапки за заштита на вработените. Поради тоа, како што истакна денеска претседателот на основната организација на Синдикатот во Охрид, Драган Цветаноски, поднесен е предлог закон за мобинг, со кои треба да се усвојат стандардите во оваа област кои важат во Европската Унија.


Според Цветаноски, во текот на оваа година ратификувани се 4 конвенции, меѓу кои конвенција за вршење работа дома, за заштита на мајчинството, за безбедност и здравје при работа, како и за приватна агенција за вработување. На иницијатива на гранковиот синдикат за градежништво, индустрија и проектирање, се предвидува подобрување на работните услови. Посебно да се посвети внимание на безбедноста на работниците и поголемо внимание во однос на нивната здравствена заштита. Синдикатот ќе се залага за почитување на работното време, бидејќи досегашната пракса покажува дека работниците често се ангажираат за прекувремена работна без соодветна надокнада. Платите мора навреме да се исплатуваат како и сите обврски, кои произлегуваат од работниот однос.

Ќе се залагаме за измени во законската регулатива кога станува збор за дискриминацијата меѓу половите, како и за еднакви можности на мајките со другите вработени. Синдикатот инсистира на заштита на бремените жени кои се во работен однос и ќе биде против било какво ословување во таа насока“ – истакнува Цветаноски.

Инаку, досегашната пракса покажува дека иако на вработените им се кршат основните права, тие ретко се одлучуваат да проговорат за овој проблем во јавноста и институциите.

OhridNews