Вредноста на синдикалната минимална кошница која за месец јули 2025 година изнесува 65.328,00 денари, а споредена со вредноста на Синдикалната минимална кошница за месец јуни 2025 год. која изнесува 64.698,00 денари е зголемена за 630,00 денари, соопшти Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ).
Вредноста на Синдикалната минимална кошница за храната и пијалоци, за оние 63 производи кои ги следи Синдикалната минимална кошница за јули 2025 изнесува 23.682,00 денари споредена со јуни 2025 година (23.167,00 денари) е зголемена за 515,00 денари. Од податоците на Синдикалната минимална кошница евидентно е дека откако завршија активните Владините мерки, вредноста на синдикалната минимална кошница за три месеци е зголемена за 2.637,00 денари односно за 4,20%, додека кај храната и пијалоците за два месеци има зголемување за 2.202,00 денари односно за 10,25%, велат.
Животот во Македонија, посочуваат, станува се поскап, а платите недоволни за овозможување на најосновните услови за достоинствен живот и затоа е потребно зголемување на минималната плата и на сите останати плати.
OhridNews











