Вредноста на синдикалната минимална кошница која за месец јули 2025 година изнесува 65.328,00 денари, а споредена со вредноста на Синдикалната минимална кошница за месец јуни 2025 год. која изнесува 64.698,00 денари е зголемена за 630,00 денари, соопшти Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ).Со изнајмен стан од 60 квадрати, посочуваат од ССМ, за месец јули изнесува 80.703,00 денари.

Вредноста на Синдикалната минимална кошница за храната и пијалоци, за оние 63 производи кои ги следи Синдикалната минимална кошница за јули 2025 изнесува 23.682,00 денари споредена со јуни 2025 година (23.167,00 денари) е зголемена за 515,00 денари. Од податоците на Синдикалната минимална кошница евидентно е дека откако завршија активните Владините мерки, вредноста на синдикалната минимална кошница за три месеци е зголемена за 2.637,00 денари односно за 4,20%, додека кај храната и пијалоците за два месеци има зголемување за 2.202,00 денари односно за 10,25%, велат.

Животот во Македонија, посочуваат, станува се поскап, а платите недоволни за овозможување на најосновните услови за достоинствен живот и затоа е потребно зголемување на минималната плата и на сите останати плати.

OhridNews