За лошата позиција на жените во медиумите, алармира Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници, по повод Меѓународниот ден на жената 8-ми март.

„Високото ниво на стрес, заплашување, потценување или игнорирање на нивната работа, неприфатливо оптоварување со работа и работно време го оневозможува приватниот живот на жената.“ – велат од ССНМ.
Според ССНМ, медиумите во демократските општества имаат задача да ги промовираат еднаквоста, толеранцијата и почитувањето на индвидуата без разлила на полот, возраста, и етничката припадност.
OhridNews












