Времето денеска ќе биде променливо облачно со умерен до засилен ветер од западен и југозападен правец. Кон крајот на денот на некои места ќе има повремен слаб дожд (над 2000мнв повремен слаб снег).

Во четврток ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Од петок ќе настапи стабилизирање на времето со значително повисоки дневни температури, особено за време на викендот кога на планините ќе има забрзано топење на снежната покривка, информира УХМР Македонија.

OhridNews