Од почетокот на сезоната на грип, досега во земјава се регистрирани околу 1.300 заболени.

Како што денеска истакна Министерот за здравство, државата и здравствените власти се целосно подготвени да се справат со овој предизвик, со лекарства, обучени тимови и со опремени институции.

„Минатата година целата сезона ја завршивме со околу 25 илјади заболени. Има определен благ пораст, но се уште е рано за да се носи конкретна одлука.“ – изјави Тодоров.

Доколку граѓаните почуствуваат симптоми на грип, се препорачува веднаш да посетат доктор.

OhridNews