До понеделник ќе продолжи периодот на стабилно и релативно топло време. Во најголем дел од државата ќе биде претежно сончево, освен в сабота кога облачноста ќе се зголеми. По котлините и понатаму ќе има појава на магла со променлив интензитет.
Вo Охрид времето денес сончево со мала облачност. Минималната температура до 0, максималната до 11 степени.
Како што соопшти УХМР, утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. По котлините ќе има појава на магла и пониска дневната температура. Минималната температура ќе се движи од -4 до 2, а максималната од 9 до 17 степени.
За викендот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, по котлините ќе има појава на магла и пониска дневна температура. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4 степени, а максималната од седум до 15 степени.
В понеделник ќе биде променливо облачно, по котлините ќе има појава на магла и пониска дневна температура. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се движи од -4 до 3 степени, а максималната температура од осум до 16 степени.
OhridNews