Стабилно време со пониски утрински температури најавува Управата за хидрометеоролошки работи за наредниот период.

Времето утре (понеделник), ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 9, а максималната од 14 до 21 степен.

Во Охрид, ќе биде претежно сончево со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 16 степени.

Во текот на следната седмица времето ќе биде стабилно со студени утра и ниски минимални температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст.

OhridNews