Покрај големите количини дожд кои наврнаа ширум Македонија, охридскиот стадион “Атина Бојаџи“ е подготвен за почетокот на фудбалскиот шампионат. Стадионите во поголем дел од државата се поплавени и ќе им треба добра реконструкција за повторно приспособување.


На стадионот игра екипата на Охрид 2004 која настапува во Втората македонска фудбалска лига. Во зимскиот период неколку тимови од државата и еден српски го користеа “главниот“ терен за тренирање и одигрување на контролни натпревари.


– Стадионот е подготвен за почеток на фудбалскиот шампионат. Со навремена реакција поројните дождови не го оштетија теренот и бубамарата може се тркала во Охрид – истакнаа од Ј.П. “Билјанини Извори“.


Охридскиот второлигаш првиот натпревар на домашен терен ќе го одигра во 17-та рунда против Тиквеш.

Мх.П.